Американскиот рапер Lil Uzi Vert го исполни ветувањето – си стави дијамант на челото.
Тој неодамна на своите следбеници на својот профил на Twitter им соопшти дека штеди неколку години за дијамант чија цена е околу 24 милиони долари.
Како што објасни, дури и да го продаде целиот свој имот, тој не би можел да го купи одеднаш.
Тој објави фотографија на која напиша „Време е“, најавувајќи дека навистина ќе го стави во челото.
Многумина, на социјалните мрежи, се сомневаа дека навистина ќе го сторат тоа, но се чини дека раперот го одржа својот збор, како што можете да видите на фотографијата подолу.

