5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

МЕРКЕЛ: “Можеби ќе биде потребно да се направи разлика и да се каже: Добро, кој не сака вакцина можеби нема да може да прави некои работи..”

Приказната за вакцинацијата во ЕУ, иако не започна интензивно, сега се размислува за животот по вакцинирањето и можноста за воведување на одредени придобивки за оние кои се вакцинирани, но исто така и за ограничување на некои работи за оние кои одбиваат, како што спомена Германската канцеларка Ангела Меркел.

Првиот чекор во таа насока го направи Данска. Данската влада во средата објави воведување дигитален корона-пасош, апликација за паметни телефони, со која поединец ќе може да докаже дека е вакциниран. Деталите сè уште не се разјаснети, но сигурно е дека оваа картичка треба да го олесни враќањето во нормала и да им овозможи на деловните луѓе повторно да патуваат.

„За нас е многу важно повторно да го отвориме данското општество и да им овозможиме на компаниите да работат. Многу дански компании се активни низ целиот свет “, рече во вторникот министерот за финансии Мортен Боедсков.

Генералниот директор на Данската стопанска комора, Брајан Микелсен, веќе зборува за светлото на крајот на тунелот за многу компании.

Соседна Шведска има слични планови и ден подоцна најави и воведување дигитален пасош.

„Со дигитален сертификат ќе може брзо и лесно да се докаже дека е извршено вакцинирање “, рече министерот за дигитализација Андерс Игеман во четвртокот.

Прашањето е во моментов за што би можела да биде добра картичката во повеќето земји на ЕУ, поради големиот број на заразени лица и појавата на нов вид на вирусот, се повеќе се зборува за натамошно заострување на мерките, што влијае не само на јавниот и приватниот живот, туку и на патувањата.

Данска, на пример, бара валидна причина, како што се деловни состаноци или семејни собири, за да одобри влез во земјата, како и негативен тест за Ковид-19, не постар од 24 часа. Во моментов, поради ширењето на британската мутација на вирусот, скоро никој од Данска не може да влезе во Шведска.

И тука сè уште не е можно да се предвиди дали воведувањето дигитална картичка за вакцинација би била од корист и би довело до повторно воведување на некои права.

Поголеми права за вакцинирани во Естонија

Во Естонија е поинаку. Само неколку недели по слабиот почеток на вакцинацијата во ЕУ, Талин веќе ги објави првите специјални правила, односно релаксирање на мерките за оние кои биле вакцинирани.

Од оваа недела, патниците од ЕУ и трети земји, кои биле вакцинирани во последните шест месеци, повеќе не се обврзани да одат во карантин и да прават задолжителни тестови на Ковид-19. Овие правила важат и за сите оние кои се опоравиле од Ковид во последните шест месеци. Вакцинираните лица веќе полесно влегуваат во Полска и Романија.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис исто така сака да го олесни патувањето. Тој ја постави темата за воведување корона пасоши за целата ЕУ на последниот видео самит на шефовите на држави и влади на земјите на ЕУ, во средината на јануари.

Туризмот сочинува околу 12 проценти од бруто домашниот производ на Грција. Според студијата на консултантската фирма „Ернст и Јанг“, прометот во индустријата паднал за 79 проценти во првите девет месеци од минатата година. Бројот на работни места е намален, а платите се намалени.

За многу ресторани, хотели и културни институции, во земји како што се Грција, Шпанија и Италија, насоченото олеснување на ограничувачките мерки и воведувањето на посебни права за вакцинираните лица би можело да биде од витално значење следната сезона.

Општата обврска за вакцинирање сè уште е исклучена

Задолжително вакцинирање се дискутира многу повоздржано. Германската канцеларка Ангела Меркел намерно зборува за понудата за вакцинација, кога станува збор за стратегијата на германската влада за вакцинирање. Иако во некои земји, како што се Франција и Холандија, многу луѓе се скептични кога станува збор за вакцините, досега ниту една земја од ЕУ не објави општа обврска за вакцинирање.

Пред почетокот на кампањата за вакцинација во Австрија, воведувањето на задолжителна вакцинација за одредени професионални групи, како што се негуватели или вработени во градинки и училишта, се разгледуваше во некои сојузни држави.

Во моментов има многу дискусии за тоа дали оние кои биле вакцинирани би можеле први да патуваат повторно, да одат во кафулиња или во театар.

Сè уште не се разјаснети сите научни и политички аспекти. Исто така е нејасно до кој степен вакцинацијата ќе спречи понатамошно ширење на инфекцијата и за колку време обезбедува заштита воопшто.

Покрај тоа, се поставува прашањето како да се заштитат правата на луѓето кои досега немале пристап до вакцини.

Канцеларката Меркел за јавниот сервис на АРД рече дека смета дека ќе има луѓе што ќе се спротивстават на вакцинацијата: „Тогаш можеби ќе биде потребно да се направи разлика и да се каже:„ Добро, кој не сака тоа можеби нема да може да прави некои работи“, рече Ангела Меркел.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести