Безбедносните служби на Бахреин спречиле два „терористички“ обида насочени кон предизвикување експлозии на банкомати.
Бомбите биле поставени во различно време во средата наутро, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Бахреин, додавајќи дека неколкумина осомничени се уапсени, пренесува Ројтерс. „Надлежните безбедносни органи, во соработка со Националната агенција за безбедност, спречија два терористички заговори со цел да разнесат два банкомати на една национална банка во главниот град.
