Глумицата неколку дена е сместена во болница поради влошување на здравствената состојба.
Светлана Бојковиќ веќе неколку дена е сместена во болница поради ретка бактерија клостридија, позната како “уб*ец“, но и заразена од корона вирус. Ваквата состојба негативно влијаела на нејзиното однесување спрема болничкиот персонал. Како изворот тврди, Бојковиќ наместо благодарност, таа со својата ароганција успела да ги разочара сите во болницата која секојдневно ја покажува.
– Цеца е една од нашите најголеми глумици која дојде во нашата болница каде што сите до еден, од лекари до болничкиот персонал срдечно е пречекана и со одушевување почнале да се грижат за неа и нејзиното здравје. Иако по малку ладна, сепак им била симпатична поради улогите кои своевремено ги играла, но…
За само неколку дена од смирена и мила жена, станала арогантна во секоја смисла на своите барања, шокирајќи го персоналот кој за неа се грижел дваесет и четири часа – раскажува изворот истакнувајќи дека на никого не му е јасно зошто е такво нејзиното однесување.
– Освен што вработените и се на услуга во текот на целиот ден, сместена е во една од најдобрите соби и се и удоволено на се што ќе побара. Додека лекарите се обидуваат да и помогнат што побрзо да оздрави, таа постојано им става забелешки. Да не зборуваме и за болничкиот персонал… Толку многу е непријатна што се плашат да и се приближат, вели изворот кој наведува дека Светлана со ваквото однесување го освоила самиот врв на најнепријатни и нај арогантни пациенти, дури ни во последните години не се појавил некој кој би можел да и парира… заклучува извор за “Ало!“.
