20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ШОК: АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ГО ПРОДАВА НАЈВРЕДНИОТ ПОДАРОК ОД БРЕД ПИТ – ЧИНИ ДУРИ 3,4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Имено, Черчил ја насликал „Кулата на џамијата Кутубија“ во Маракеш, Мароко откако присуствувал на конференција во Казабланка во јануари 1943 година и му ја подарил на американскиот претседател Франклин Д. Рузвелт.

Актерот Бред Пит ја купи истата слика во 2011 година од трговец со уметнички дела и ја подари на својата партнерка Анџелина, со која има шест деца. Двојката подоцна се разведе во 2016 година по две години брак, а нивниот развод сè уште не е комплетен во однос на финансиите.

Черчил го насликал делото веднаш по воениот самит, на кој се договорил со Рузвелт за следните фази на заедничката стратегија против нацистичка Германија. Вредноста на сликата се движи од два до 3,4 милиони долари.

  • Тоа е единственото дело што Черчил го насликал за време на војната, можеби охрабрен од напредокот на сојузниците, во земја што ја сметаше за една од најубавите што ги видел досега – рече Ник Орчард.

Ник рече дека платното се продава од страна на „Jolie Family Collection“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести