6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

СТРАШНО: И ПАДНА НОСОТ НА КИНЕСКАТА АКТЕРКА, причината за тоа се честите корекции (ВИДЕО)

Кинеската актерка Гао Лиу (24) објавила фотографија на која се гледаат последиците од пластичната операција на која се подложила, а која резултира со инфекција и некроза на носот. Морбидните фотографии на кои се гледа црно мртво место на носот на актерката го прикажуваат кошмарот кој го доживела.

Актерката фотографиите ги споделила на кинеската социјална мрежа Вибо, каде има пет милиони следбеници, а целта и била да ги предупреди на потенцијалната опасност која со себе ја носи пластичната хирургија, пренесува Дејли меил.

Лиу која се бави и со пеење, а глумела во повеќе кинески филмови, покренала бурна дискусија на мрежата откако ги објавила фотографиите на кои се гледа дека дел од носот и скапал и и отпаднал.Актерката напишала дека на операција била на една клиника во јужниот кинески град Гуангџоу откако пријател ја запознал со тамошниот пластичен хирург. Операцијата траела четири часа и подразбирала преобликување на нејзиниот нос.„Не очекував дека тие четири часа ќе бидат почеток на кошмар“, рекла и додала дека се надевала оти новиот нос ќе и помогне во кариерата.Но „микро-зафатот“, како што таа го опишува, направен на крајот на октомври предизвијал инфекција заради што операцијата морало да се повтори.После втората процедура чувствувала иритација и печење на носост, а после тоа инфекциите се повторувале. Лекарот и покрај тоа ја уверувал дека ќе се опорави и ќе се врати на работа за два месеци. Но потоа почнала да се јавува некроза заради што и отпаднал дел од носот. На крајот дознала дека клиниката всушност нема ниту дозвола за правење операции на нос.Гао Лиу рекла дека заради последицата помислувала да крене рака на себе, а операцијата и донела и еден куп трошоци, со оглед на тоа дека во болница поминала два месеци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести