Медиа.мк ексклузивно дознава од свои извори дека денес во Прилеп се одвивала голема полициска акција во режија на одделот за криминалистичка полиција на БЈБ на МВР и голем број специјални единици. Во молскавична акција се приведени осум членови на криминална група која подолг период го тероризирала градот.

Предводници на групата се извесни П.А. и Д.А. браќа од Прилеп кои заедно својата група вршеле повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со дрога.

Во акцијата е запленета голема количина на дрога и оружје.
Се очекуваат повеќе детали од МВР.

