16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Повеќе од 170 студенти приведени на протест барајќи смена на ректорот поставен од Ердоган

Турската полиција денеска уапси повеќе од 170 лица кои учествуваа на нови студентски протести со барање за смена на ректорот назначен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Полицијата соопшти дека уапсила 104 лица во Истанбул и 69 во Анкара.

Фотограф на „France Press“ објави дека некои полицајци ги тепале демонстрантите и додаде дека полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да го растера протестот во Истанбул.

Околу Новата година, Ердоган го назначи Мелих Булу (50) за нов ректор на Универзитетот Босфор, јавна институција каде се школува дел од државната елита.

Денеска се одржаа протести и заради неодамнешното апсење на четворица студенти кои се обвинети за закачување на слика со светото место на исламот на факултетот, која е украсена со знамиња на виножито, симбол на ЛГБТ движењето.

Протестите се одржаа и во понеделникот, кога полицијата уапси 159 студенти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести