23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СДСМ: Следуваат измени во Кривичниот законик, нема да дозволиме ниту една форма на насилство да остане неказнета

СДСМ се залага за институционално делување против секаков вид на насилство и заштита на жртвите, особено имајќи ја предвид појавата на нови видови на кривични дела, поврзани со брзиот развој на социјалните мрежи и новите дигитални платформи и медиуми.

За да обезбедиме простор за поширок фронт против секој вид на насилство, Министерството за правда подготвува измени и дополнувања на Кривичниот законик со воведување на две нови кривични дела „Демнење“ и „Сексуално вознемирување’.

По разгледување на предлог измените и дополнувањата, очекуваме конструктивна дебата и поддршка од сите пратеници за усвојување на новиот Кривичен законик.

Само на овој начин ќе спречиме нови „Јавни соби“ само на тој начин ќе обесхрабриме нови насилства и посегнување по личните слободи на граѓанките и граѓаните.

Не смееме и нема да дозволиме ниту една форма на насилство или повреда на права на жени, девојки или кој било граѓанин, да останат неказнети.

Апелираме Обвинителството и судот да постапуваат брзо, одлучно и професионално со случајот Јавна соба, но и со други случаи на физичко и сексуално насилство и да бидат суштински дел од институционалниот одговор во санкционирањето на полово и родово базираното насилство.

Жртвите на секаков вид насилство треба да знаат дека не се сами, државата, институциите се тука за да ги заштитат, но и соодветно да ги казнат сите оние кои сториле каков било вид на насилство.

СДСМ останува силно посветен на градење праведно и правично општество, во кое нема место за какво било физичко, психичко или сексуално вознемирување, кое е насочено кон спречување на насилството и на адекватна заштита на жртвите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести