4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Еве зашто храната ви се лепи постојано за тавчето

Речиси секому од нас му се случило да му се залепи храната за тавчето, па дури и да се работи за некое од оние најдобрите – тефлонските. При пржењето тоа умее прилично да иритира. И не е проблем само што ќе се залепи, туку што при одлепувањето ќе се измачите за се да не се распадне храната. И уште пострашно е миењето – бидејќи триење, се разбира, не е дозволено!

Што всушност доведува до лепење на храната и како да го одбегнете овој проблем? Можеби и самите сте забележале дека кога ќе ставите масло во тавата како ќе почне да се загрева така се повлекува од средината на садот кон рабовите. Кога еднаш ќе се случи тоа, храната се лепи на средината од тавата затоа што таму е суво. Затоа треба да знаете дека главен проблем е тоа што сте ставиле премало количество масло.

За да го одбегнете овој проблем, треба да се послужите со некој од следниве трикови. Прво, ставете малку повеќе масло. Второ, секогаш маслото нека биде размачкано рамномерно по целата површина на тавата. Трето, полека загревајте ја тавата за да не дојде до нагло повлекување на маслото. Четврто, секогаш купувајте тави со подебело дно, дури и иако имаат тефлонски премаз. Тоа ќе помогне рамномерно да се загрева и храната да не се лепи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести