Кинеската платформа за поставување видеа денес им го блокираше пристапот на деца под 13 години на апликацијата Тик Ток и ќе користи вештачка интелигенција да ја потврди возраста на корисникот, после неодамнешната смрт на 10-годишното девојче од Палермо кое изврши самоубиство со бесење во предизвивикот Блекаут. Речиси идентичен случај после неколку дена имаше и во соседна Србија.
Надзорното тело на Италија ќе ја процени ефикасноста на мерките објавени од Тик Ток.
Инаку, по смртта на девојчето, се појави случај во кој 48-годишна жена од Сиракуза на Сицилија „понуди“ нов предизвик, односно таа објавила видео со кое поттикнува самоубиство, а во кое се гледа како мажи и жена се лепат со леплива трака околу носот и устата.
Истрагата за смртта на девојчето од Палермо е проширена во смисла на тоа да се открие како е можно тоа воопшт да отвори профили на Фејсбук и Инстаграм.
Фејсбук порачал дека ќе соработува со истражителите во целост, а кога станива збор за случајот со жената од Сиракуза откриено е дека таа со помош на видеата што ги поставувала дошла до 730 000 следбеници од различни возрасти.
Тие следат околу 20 опасни предизвици, вклучувајќи вдишување крема низ нос, затворање на очите со клешти и исценирано кршење рака со лонец за готвење. Сите предизвици ги извелеа жената од Сиракуза, а видеата се отстранети.
