Познатата старлета Кајли Џенер (23) замина на одмор на островите Туркд и Каикос, а на социјалните мрежи сподели фотографии од нејзиното занесно тело во костим за капење.
Кајли е позната по својата козметичка линија, која стекна слава и богатство со кармини и сенки, но со текот на годините, во својот опсег вклучи и други производи поврзани со шминката. Таа започна бројни деловни активности и стана најмладиот милионер во светот.

Млада Џенер од славниот клан Кардашијан-Џенер реши да се одмори од сите обврски во Калифорнија, па скокна на овие острови во близина на Бахамите. Дека фотографиите ги воодушевиле нејзините следбеници покажува и фактот дека фотографиите добиле над 10 000 000 лајкови и скоро 43 000 коментари.

Таа само напиша „dreamy / бајковито“ на Instagram, што веројатно значи дека навистина ужива во својот одмор.
