2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ХАОС ВО ВИСКОНСИН: Пукање во трговски центар заврши со еден убиен и еден ранет – НАПАЃАЧОТ ВО БЕГСТВО (видео)

Вооружен напаѓач синоќа уби едно лице и рани друго, а потоа избега од местото на злосторството во трговски центар во градот Аплтон, во американската држава Висконсин.

Во неделата околу 15:30 часот по локално време, полицијата била повикана во трговскиот центар во предградието Аплтон, а непознатиот напаѓач сè уште е во бегство, јави АП.

Полицијата соопшти дека напаѓачот го напуштил трговскиот центар пред да пристигне полицијата.

Мотивот за нападот и идентитетот на жртвата сè уште не се познати.

Фотографиите од местото на злосторството покажуваат полицајци, дел од нив во специјална опрема, како стојат пред трговскиот центар, а се гледа како купувачите излегуваат со кренати раце.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести