6 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Мало дете во Америка стана вистински хит на социјалните мрежи,откако си донесе дома необичен пријател после неговата прошетка во шума

Мало дете во Америка стана вистински хит на социјалните мрежи,откако си донесе дома необичен пријател после неговата прошетка во шума.

Стефани Браун, мајка на четиригодишниот Доминик, се шокирала кога нејзиниот син донел младенче од елен. Таа успеала брзо да ја фотографира необичната сцена и да ја сподели на Фејсбук.

Фотографијата стана популарна на социјалните мрежи за краток временски период. Луѓето се воодушевени од смиреноста со која младенчето стои покрај Доминик, како да се познаваат со години.

Стефани објаснува како семејството се подготвувало да го напушти одморалиштето во Масанутен и да си замине дома и пред да тргнат Доминик се појавил со нов пријател, пишува Дејли меил.

Она што ја прави фотографијата уште поинтересна е тоа што момчето на фотографијата носи пижами со ирваси Рудолф.

Момчето на животинчето му дал име „Флеш“, односно по неговиот омилен стрип јунак.

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести