Игор Спасов кој беше во бегство откако беше пуштен на лекување, a е правосилно осуден за убиството на Мартин Нешковски е уапсен денес во Софија. Според информации до кои дојдовме, поранешниот специјалец Спасов е лоциран и приведен попладнево околу 15 часот и ќе биде во екстрадициски притвор.
