6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ВО СРЕДА ПРОТЕСТ ЗА СЛУЧАЈОТ “ЈАВНА СОБА”

Во среда ќе се одржи протест под мотото „Не си сама“, по случувањата со и околу групата „Јавна соба“ на Телеграм.

Кристина Иванова од невладината организација ХЕРА, која е една организаторите на протестниот марш, во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ ги сподели деталите за одржување на маршот и барањата кои ќе ги изнесат до Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.

Бараме од Јавното обвинителство да ги разреши што побрзо овие случаи, бидејќи „Јавна соба“ се провлекува веќе цела година. На јавноста и е добро познато дека овој случај се појави уште минатата година. Бараме од самите институции да делуваат што е можно побрзо и поефикасно, да се сменат многу регулативи кои ќе им овозможат на жртвите безболна постапка. Исто така бараме да се најдат виновниците, да се казнат администраторите на групите. Задоволни сме што Министерството за правда веќе објави дека ги изработило измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“, но бараме институциите да дејствуваат по донесените регулативи. Покрај недостатокот на регулативи, забележително е исто така и огромно недејствување на институциите. Тоа мора да се промени – нагласува Иванова.

И покрај тоа што маршот се организира во време на пандемија, Иванова вели дека ќе се почитуваат мерките пропишани од Комисијата за заразни болести, при што ќе се внимава да се одржува дистанца и да се носат маски, а за тоа ќе бидат задолжени редари.

Доколку сакате да покажете дека жртвите од сексуално вознемирување на интернет не се сами, приклучете се на маршот в среда во 14.30 пред МВР – повикува Иванова

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести