7 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ИСТРАГАТА НА СЗО СТИГНА ДО ПАЗАРОТ ВО ВУХАН

Истражен тим од Светската здравствена организација, кој трага по потеклото на вирусот корона во Кина под строг надзор на кинеските власти, го посети пазарот во Вухан, кој беше центар за дистрибуција на храна за време на седумдесет и шест дневната блокада минатата година.

Истражниот тим на СЗО, кој се состои од експерти од областа на ветеринарната медицина, вирусологијата, епидемиологијата, технологијата и безбедноста на храната, го посети вчера, придружуван од поголема група кинески колеги, две болници каде епидемијата беше жешка, пренесува АП.

За време на оваа мисија, според агенцијата, придружена со политички притисок поради напорите на Кина да избегне обвинувања за погрешни одлуки во текот на првите денови од епидемијата, членовите на тимот на СЗО вчера ја посетија изложбата посветена на избувнувањето на епидемијата на коронавирус.

СЗО претходно објави дека членовите на истражниот тим нема да имаат контакти со локалната заедница поради ризик од ширење на вирусот корона.

Кинеската влада ја застапува теоријата дека епидемијата започнала поради вирус увезен во замрзната морска храна, неоснован во валидни докази.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести