6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

156 санкции за брзо возење во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Куманово санкционираа 156 возачи кои  управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени осум  возила, а две возила се одземени поради тоа што учествувале во сообраќај а биле подолг период нерегистрирани, а   санкционирани се и 23 возачи  поради други прекршоци. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести