1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

РАДА МАНОЈЛОВИЌ УДРИ ПО КОЛЕГИТЕ И ИСКРЕНО РАСКАЖА КАКО ЗАРАБОТУВА

Српската пејачка Рада Манојловиќ веќе подолго време се одмара во родното село Четереж, бидејќи поради пандемијата со короната и се откажени сите настапи.

Меѓутоа, на пејачката изгледа и пречи што нејзините колеги често „кукаат“ дека немаат работа. Како што вели, таа ги разбира колегите и нивната ситуација, но не сака да се жали и да биде „трн во око“ на веќе намачениот народ.

„Не се пронаоѓам во приказните на колегите за финасисиките проблеми, но ќе го кажам својот став. Народот е бе сен и на тоа има потполно право ако се земе во предвид што му се случува со децении и што навистина е естрадата.

Има преку 30 илјади музичари, клавијатуристи, тапанари, гитаристи и они кои вежбаат и учат цел живот, оние кои вложиле многу во своите инструменти и кои од таа работа ги издржуваат семејствата. Тие луѓе сега немаат ништо“ вели пејачката и додава:

„Воспитана сум да се ставам на местото на другите и на тој начин да бидам поблиску до проблемите кои ги имаат. Многумина со години учат за други професии, вложуваа сè што имаат и на крајот не работат по струка.

Многу инжинери и професори возат такси, а тоа е главниот извор за незадоволството на луѓето. Не може да живеат од работата за која имаат завршено факултет.

Да можат, естрадата нема да им биде проблем“ вели пејачката која за разлика од колегите не сака да се жали.

„Во секој случај, покрај толку луѓе кои живеат од минималец, луѓе кои останаа без работа, земјоделци, многу е некултурно да се жалиме по социјалните мрежи.

Дома имам и земјоделец и трговец, и многу добро знам што зборувам и лично би ми било многу срам да се жалам. Ма, не паѓа ми на памет“ вели Манојловиќ и додава:

„Не се жалите по социјалните мрежи бидејќи испаѓа дека се жалите на народот, а не на државните органи. Потоа, не треба да ве чудат коментарите од измачениот народ. Што да ви кажат луѓето кои едвај врзуваат крај со крај.

Заради пандемијата со корона вирусот, која беше прогласена во март минатата година, речиси сите настапи на пејачите во 2020 година беа откажани, а Рада Манојловиќ не крие дека едвај чека да започне со работа, но, што се однесува до финансиите, таа сепак успеа да преживее.

Имено, Рада моментално престојува во родното село Четереш затоа што го издава станот во Белград, па успева да заработи доволно пари од киријата која што ја добива и како и од прегледите на ЈуТјуб.

„Во моментов сум во моето родно село, веќе подолго време немам настапи. Заработувам од прегледите на песните на каналот ЈуТјуб и од изнајмувањето на стан што го имам во центарот на Белград.

Претпоставувам дека наскоро ќе започнеме со тезги, сите се уморија од носење маски и седење дома – призна пејачката Рада за српски Телеграф.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести