Професорот Тони Науновски се јави со реакција на фејсбук по гостувањето на Мицкоски на Канал 5. Ви го пренесуваме во целост напишаното.
“Овој уште од сега почна да ја избегнува својата лична одговорност за очигледно големиот пораз што ќе го доживее на локалните избори. Ако воопшто остане дотогаш ,,лидер’’, во што се сомневам, јасно е дека во обид да си ја зачува фотељата и привилегиите, или ќе ги бојкотира (како што направи во Штип неодамна), или други ќе бидат виновни за поразот, а се разбира дека исклучива вина за тоа, како и за сите негови порази, е токму во самиот него, и неговите што ги стави на позиции за да оневозможи негова
смена. Конечно, колку е контрадикторен, е јасно и од фактот дека неодамна стави свои двајца луѓе во ДИК – ако стварно мисли дека изборите ќе бидат нерегуларни, зошто ги постави, или еве, веднаш нека им каже да си дадат оставки.
Многу бесмислено, и губење време е човек да ги анализира сите нелогични, самоконтрадикторни, конфузни одлуки и ,,мислења’’ на овој. Во најцрните години на независна Македонија, додуше сите се такви, жива несреќа за нас, Македонскиот народ, е што овој го ставија како ,,лидер’’ на вмро дпмне. Изгубивме време и енергија со овој наместо да се бориме со геноцидната, антимакедонска реалност и политики.
Верувам, уште малку време ќе биде на таа позиција, а историската одговорност ќе му остане во совеста.” – пишува Науновски.

