4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Мицкоски збунет и несигурен како никогаш! Математичарот доби единица по логика

Мицкоски не може да поентира, ниту кога медиумите од сожалување не го нагазуваат околу конфузните образложенија за актуелните прашања.
Ова е главниот впечаток од бледото гостување на Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5.

Сега ќе повикува граѓаните да се попишуваат ?!?


На почеток Мицкоски жестоко го нападна пописот. Потоа немаше храброст да повика на бојкот. Потоа најави дека немало да ги признава резултатите. Потоа излегоа информации дека со СДСМ се договорил преку бледи реакции и без конкретна блокада на пописот, да добие одмрзнување на партискиот имот. Сега најави дека ќе учествува и дека ќе повика масовно да се попишуваат граѓаните. Сите негови повици во минатото завршуваа катастрофално, а последниот е однапред пропаднат , доколку се точnи неговите претпоставки дека се е договорено.
Која е логиката Мицкоски да учествува во ваква операција, освен ако однапред не е платен за улогата на статист ?

Електронскиот попис ќе го признаел ?!?


Признавањето или непризнавањето од страна на Мицкоски не значи ништо ! Lогиката во овој став е сокриена под маса , бидејќи ниту законот, ниту некоја релевантна институција очекува или бара признавање на пописот од Мицкоски. Зошто теренскиот или комбинираниот попис би биле полоши од електорнското вкрстување на податоците ? Зошто Мицкоски верува дека некој административец кој ќе учествува во пописот би сторил некое кривично дело, ставајќи некој фиктивен жител, а не би го ставил истиот жител и во базата на институцијата во која што работи ?

Процентите не му биле важни ?!?


Мицкоски отворено призна дека на него не му биле важни процентите на етничката застапеност. Според него евентуално зголемениот процент на албанци бил тема наметната од власта. Зошто тогаш Мицкоски воопшто се сомнева во пописот ? Зошто Мицкоски воопшто ги спомнува изјавите на пратеници на ДУИ околу признавање на пописот доколку албанците се под 20% ? Дали Мицкоски мисли дека пописот би се фалсификувал во Струмица или Кавадарци или Радовиш и зошто го мисли тоа ? Зошто Мицкоски во новогодишното интервју на Клан ги подгреваше очекувањата на албанците дека нивниот процент треба да е поголем ?

Законот помина кај Претседателот, а Мицкоски новинарите ги повикува да заборават на Пендаровски бидејќи не бил експерт ?!?

„Баталете го Пендаровски, тој не е експерт“ беше главниот аргумент на Мицкоски во однос на прашањето за потписот на Законот за попис откако водителот му предочи дека Пендаровски се повикал на европските искуства. Каков експерт е тогаш Мицкоски за да говори за пописот или историјата ? Дали соработкта со неговиот татко на машинскиот факултет му обезбедила експертиза за да говори за економијата ? Впечатокот е дека станува збор за уште еден празен и нелогичен аргумент кој го користи за да избега од темата.
Се почна со барање до Пендаровски за да не го потпише Законот за попис. Пратениците држеа прес во собрание, а потпретседателот Николовски молеше по телевизиски гостувања да не го потпишува законот. Откако тоа не помина, односите со Пендаровски, повторно се замрзнати. Логика никаква. Логика нема ниту во образложението зошто не отишол кај Пендаровски на лидерска средба. Наводно Македонија му е најважна, но само во конкретниот случај му било поважно тоа што Пендаровски бил „слуга на Заев“. Со Пендаровски има проблем да комуницира, но затоа со СДСМ и Заев нема никакви пречки.

Пописот е поважен од избори ама не е важно што Алијанса и Алтернатива го гласаа ?!?

Пописот како операција, според Христијан Мицкоски е поважен за Македонија од изборите, бидејќи со него се остава историска трага во меѓународните институции за демографската структура на населението кое живеело во земјава.
Неговите нови партнери од албанската опозиција за вака важно прашање се приклонија кон Заев и власта, а не кон Мицкоски. Сепак за Мицкоски тоа што за вакво прашање имаат понакви интереси не значело крај на меѓусебната соработка.
Доколку за националните интереси Мицкоски не успева да обезбеди поддршка, тогаш се поставува прашањето дали споредните теми на кои може да се договори со Алијанса и Алтернатива се поважни за Мицкоски? Дали постои некое прашање и некој долен праг за Мицкоски да признае дека никој не го перципира како сериозен фактор ?
Логиката повторно Мицкоски ја заборавил дома.

Меѓународната заедница не го сака Заев ама ако ги украде изборите нема да реагира и ќе му помогне ?!?

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски две недели туркаат кампања чија главна теза е дека Зоран Заев ја загубил меѓународната поддршка. Основните аргументи за оваа кампања се дека Заев немал ниту една средба со висок државник, бидејќи тие се срамеле од него и не сакале да бидат во опкружување на луѓе кои се поврзуваат со криминал и корупција.
Вчера Мицкоски со еден настап ја урна целата кампања кажувајќи индиректно дека меѓународната заедница е на страна на власта, односно дека не застанува во одбрана на неговите политики.
„Пред локалните избори повторно кажувам дека ќе има картички, притисоци, поткуп, закани и повторно меѓународната заедница ќе молчи. Јас ги признв мафијашко талибанските парламентарни избори на 15 јули, и за тоа имав сериозна критика во јавноста, каде брутално се виде дека се украдени изборите, а меѓународната заедница молчеше, рече тој. И сега ќе молчи и пак ќе има крадење. Ќе молчат странците, ќе ќутат, вели тој, нив не ги интересира колку нас ќе не украдат. Тие си гледаат да си ги завршат нивните работи. Еве исто ќе биде на локалните избори, ви кажувам уште од сега дека исто ќе биде“ рече вчера Мицкоски.
Дали Мицкоски мисли дека меѓународните партнери се криминалци ? Зошто меѓународната заедница би поддржала криминал ? Зошто Мицкоски не успева да обезбеди поддршка ?
Логика не постои , како и во ниедно друго образложение.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести