Лекарите во Јапонија откриле чечкалица за заби во дебелото црево на еден маж, откако тој случајно ја голтнал пред два месеци, трпел болки со недели.
Необичниот медицински случај беше објавен во„British Medical Journal“, кој детално објасни како 67-годишниот маж отишол на лекар откако два месеци трпел болка, пишува „Дејли Меил“.
Според првичната контрола, лекарите сметале дека изворот на болката е стеноза околу долниот дел на `рбетот.
Иако стенозата може да се третира и со лекови и физикална терапија, лекарите во Јапонија одлучија дека хируршката интервенција е најдобро решение во овој случај.
Сепак, тие беа изненадени кога од скенирањето што го направија непосредно пред да започнат со операцијата, во дебелото црево на пациентот видоа чечкалица долга 7,6 сантиметри.
Шест дена откако лекарите откриле што има во дебелото црево, човекот бил опериран и болката исчезнала.
Болката исчезна и симптомите веќе не се појавија, се вели во извештајот на медицинското списание.
