Сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун не се појавува во јавноста повеќе од една година, a toa ги натера аналитичарите да се прашуваат што се случило со „првата дама“.
Ри Сол Jу, за коja се смета дека има 32 години, последен пат се појави во јавноста на 25 јануари минатата година. Таа е првата жена што постојано се појавуваше покрај лидерот на комунистичката држава, но сега експертите покренуваат сомнеж дека таа го изгубила овој „статус“, пишува „nknews“, медиум со седиште во САД.
Северна Кореја често прикажуваше слики од Ким Јонг Ун со неговата сопруга, покажувајќи дека тој е нормален лидер, но сега ситуацијата е променета и во преден план се економските проблеми и со кои се соочува земјата, додека сликата која се сака да се престави останува во позадина, рече Лим Еул-чул, професор на студиите за Северна Кореја при Универзитетот Кјунгнам.
Од друга страна, аналитичарите посочуваат дека јавноста треба да биде скептична во врска со тврдењата дека Ри Сол Ју може да биде во лоша здравствена состојба, бидејќи таа и претходно ја снемувало, иако не за толку долго време.
