Рускиот бизнисмен чие богатство се проценува во милиони, Сергеј Самсоненко стана еден од најзпонатите личности во нашата држава, пред сè благодарение на вложувањето во спортските клубови под брендот Вардар.

Самсоненко во нашата држава основа или пак купи низа компании и ја рашири својата палета на бизниси.
Во 2013 година Самсоненко стана сопственик на ракометните клубови Вардар и со тоа го почна походот на македонското спортско царство. Со неговата финансиска моќ, изградена е грандиозната сала „Јане Сандански“, во која има и спа-центар, базени, болница и хотел со четири ѕвезди.
„Буџетот на женскиот и машкиот ракометн клуб за минатата сезона беше севкупно 7.5 милиони евра. Сезонава е нешто повисок, но не ја поминува цифрата од 8 милиони евра, велеше своевремено Самсоненко.
Во фудбалскиот клуб Вардар пак минатата сезона потрошив 3.5 милион евра. Од друга странa, скорo па и ништо да не ми се враќа од вложеното“, изјави своеврмено Самсоненко за парите кои ги даваше во клубовите.
Но тој во последните години комплетно крена раце од Вардар, прво го остави женскиот клуб, минатата година и машкиот ракометен клуб, а сезонава и фудбалскиот клуб.
Сепак тој и понатаму има бизниси во нашата држава и поминува доста време во Македонија. Тој во минатото во неколку интервјуа потенцираше дека и тоа како му се допаѓа нашата држава и затоа решил да живее тука.
Самсоненко не сакаше многу да го експонира своето семејство во јавноста и малку се знае за тоа.
Ќерката на Сергеј Самсонеко за првпат пошироката јавност ја започна пред 4 години кога заедно гостуваа во емисијата „Еден на еден“ каде што заедно запееаа.
Сега иако Сергеј Самсоненко не е повеќе финансиер во Вардар, сепак неговото семејство остана да живее во Скопје.

Една од неговите ќерки, Маша Самсоненко, која има само 17 години е новата ѕвезда на македонското музичко небо, а веќе го сними првиот сингл на македонски јазик – Дали ти ќе дознаеш.

Музиката е на Панче Касапски, текстот го напиша големиот ракометен фан – Огнен Неделковски, додека зад аранжманот е потпишан Лазар Цветковски. Спотот е снимен на неколку локации под режисерската палка на Даниел Јовески.
