-4.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

НА КАРЛЕУША НЕМА ДА И БИДЕ ЛЕСНО ПОСЛЕ ОВА – ДУШКО ОТПАТУВА ЗА ТУРЦИЈА СО АНА (ФОТО)

Како ли ке реагира Јелена после ова!?

Фудбалерот и сопруг на пејачката Јелена Карлеуша отпатувал за Турција со Ана Јовановиќ, со која пред неколку месеци започнал романса.

Како што дознава Телеграф.ср, Тошиќ вчера во утринските часови отпатувал за Истанбул а само неколку часа подоцна на иста дестинација се упатила и дизајнерката, каде што моментално уживаат заедничко патување.

– Душко го видов вчера наутро на аеродром. Беше сам а со себе носеше мал куфер и беше во тренерки. Влезе на лет за Истанбул. Се вртев да видам дали ќе се појави и Јелена Карлеуша или неговите ќерки, но очигледно отпатува без нив во Турција. Нешто подоцна околу 12 часот забележав бринета, беше баш атрактивна и средена. Кога малку подобро ја загледав сватив дека тоа е Ана Јовановиќ, девојката која со денови по медиумите го поврзуваа. Ми беше интересно што не тргна кога и тој. Прво не носеше наочари, а подоцна ги стави, вероватно забележала дека чудно ја гледам. Сфатила дека и луѓето ја препознаваат, а по проверка на пасошот ги стави наочарите. Вероватно се договориле да отпатуваат одвоено во Турција да не бидат забележани – вели за нашиот лист девојка која работи на аеродром. Како што дознавме, Јовановиќ исто така немала придружба што укажува на тоа дека во Истанбул ќе престојува со фудбалерот.

Инаку, Душко на својот Инстаграм закачил фотографија од аеродром на која се гледа времето на тргнување на авионот за Турција, ставил емотикон срце, а изгледа дека едвај чекал да стигне во градот кој има најубав поглед на Босфор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести