21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Поранешниот министер Оливер Андонов го обвини раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека сее магла околу пописот

Оливер Андонов, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ го обвини раководството на партијата дека намерно се обидува да ја манипулира Македонската јавност,а особено патриотското и посветено членство на ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се да ги доведе во заблуда дека воделе некаква борба околу пописот што според него е крајно некоректно кон сопственото членство и граѓаните, а на штета на интегритетот на ВМРО-ДПМНЕ.
Андонов смета дека политиката „без став“ и политиката на „бојкот“ е само сеење магла која води кон недоверба и апатија, кои потоа резултираат со изборен пораз.
Андонов ја разбива манипулацијата околу собирањето потписи преку цитирање на уставоти можносите кои ги има Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
„Уставот на Република Македонија во чл.71 децидно регулира дека “предлог за донесување на Закон може да даде Владата, било кој пратеник или 10.000 граѓани”, пишува Андонов.
Според него, во законот за референдум и други облици на покренување граѓански иницијативи е регулирано дека предлог за донесување на закон до Собранието на РМ може да поднесат 10.000 граѓани, односно за референдум 150.000 граѓани. Во членовите од 66 до 73 особено во чл.71 од овој Закон е определена постапката за покренување на иницијатива на државно ниво, бидејќи предлогот за донесување на Закон во Собранието е на државно ниво. При тоа, се определени роковите кои во крајна временска дистанца може да траат и повеќе од 4 месеци.
Андонов заклучува дека „треба да ни биде јасно дека и со еден милион потписи ние како граѓани неможеме да поништиме Закон. Закон се поништува исклучиво со гласање во Собрание или негово укинување од страна на Уставен суд. Доколку ВМРО-ДПМНЕ сака, може да покрене постапка за дополнување и изменување на Законот за попис или било кој пратеник да предложи нов Закон за попис, а во крајна линија да поведе иницијатива за одржување референдум за поништување на постојниот Закон за попис, но за жал пописот е предвидено да започне на први Април годинава, така што познавајќи го демократскиот капацитет на СДС сигурен сум дека ова би било нефункционално од едноставна причина што е доцна и роковите додека завршат и пописот ќе заврши.“
Затоа тој апелира партијата да предложи измени, доколку се точни најавите дека може да обезбедат уште три гласа како поддршка.

Почитувани пријатели, во недостиг на можност за јавен простор и слобода на говорот да ги искажам мојте ставови во врска со претстојниот попис, користам можност преку мојот фб профил да ви претставам една моја нова колумна која се однесува токму на актуелната состојба поврзана со претстојниот попис во Република Македонија.

Уживајте во кочумната

Операција “МЕФИСТОФЕЛ”

Политички неопходно е да се има јасен став по секое политичко прашање, или како што би рекол Кисинџер (не оној од Издеглавје), дека и погрешниот политички став е одраз на некои факти и аргументи за кој се бориме.
Политичкиот став е одраз на нашата убеденост за тоа дека нашата идеја е исправна и истата заслужува да се бориме за неа и да докажеме со аргументи и факти дека сме во право, па дури на крајот во таа борба и да бидеме надгласани од мнозинството, но сепак да остане запишано дека сме во биле во право или дека сме се бориле за нашето право на слободно мислење.
За жал во нашата Македонија при ваква црна дупка од власт, измами и еклатантна неспособност на власта, оверена корумпираност (за која за жал денес и покрај фактите кои беа објавени ниту опозицијата не крена глас), се наметна прашањето за пописот.
Пописот кој е сложена статистичка операција, односно класично теренско истражување за прибирање на релевантни социјални податоци од сите области на општеството и кој во иднина (барем следните 10 години) ќе се користи за научни и општествени истражувања, а пред се за економско, социјално и инфраструктурно планирање на развојот на Македонија (и за политички надмудрувања и игри), стана политичко прашање за кое за жал ВМРО-ДПМНЕ повторно НЕМА СТАВ.
За тоа кој беа мојте предлози во врска со преговорите за Законот за попис помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС уште кога пред две години тие започнаа нема да пишувам. Мицкоски добро ги знае, но како што немаше доблест да ми одговори, а уште повеќе да го прифати мојот предлог даден во ЈАВНИОТ ПОВИК пред десетина дена или батем да искаже јавен став по тоа прашање дали е за или против одржување на проширен ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, така и тие предлози тогаш не ги прифати и манипулативно (што подоцна ми се потврди) даде одговор кој не кореспондираше со реалноста.
Така драги пријатели, дојдовме до денешната состојба на повторно немање став и обид да се префрли одговорноста за пописот и особено неговите резултати врз граѓаните.
Тука имаме два аспекти:
1.задкулисно помагање на пропалитетот и националниот срам и предавник Заев во остварување на неговите мрачни цели и
2.замајување и доведување на Македонскиот народ пред се во состојба на самонаштетување, а за што потоа “самите Македонци ќе си бидат виновни”.
Мене Заев ми е јасен, како и неговите цели и мојот став кон него и владата на СДС го имам искажано безброј пати, тој став е непроменлив и запишан е во стотина колумни и настапи јавно објавени.
Сакам да се задржам на вториот аспект за да не остане нешто недокажано и нејасно, за да не биде потоа дека не ни е јасно и не ни е кажано, дека ќе ни се наметне вина и тоа колективна како на Македонски народ.
Имено, се работи за две круцијални работи со кој во врска со пописот (настрана од методологијата која најсоодветно и експертски ја објасни колешката Новковска) манипулира раководниот двоец во ВМРО-ДПМНЕ, а што единствено му одговара на Заев и СДС владеачката коалиција.
Прво: Уставот на Република Македонија во чл.71 децидно регулира дека “предлог за донесување на Закон може да даде Владата, било кој пратеник или 10.000 граѓани”
Во законот за референдум и други облици на покренување граѓански иницијативи (сл.весник бр. 81/2005) во чл.3 е регулирано дека предлог за донесување на закон до Собранието на РМ може да поднесат 10.000 граѓани, односно за референдум 150.000 граѓани. Во членовите од 66 до 73 особено во чл.71 од овој Закон е определена постапката за покренување на иницијатива на државно ниво, бидејќи предлогот за донесување на Закон во Собранието е на државно ниво. При тоа, се определени роковите кои во крајна временска дистанца може да траат и повеќе од 4 месеци.
Каде е проблемот?

Најпрво, треба да ни биде јасно дека и со еден милион потписи ние како граѓани неможеме да поништиме Закон. Закон се поништува исклучиво со гласање во Собрание или негово укинување од страна на Уставен суд.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ сака, може да покрене постапка за дополнување и изменување на Законот за попис или било кој пратеник да предложи нов Закон за попис, а во крајна линија да поведе иницијатива за одржување референдум за поништување на постојниот Закон за попис, но за жал пописот е предвидено да започне на први Април годинава, така што познавајќи го демократскиот капацитет на СДС сигурен сум дека ова би било нефункционално од едноставна причина што е доцна и роковите додека завршат и пописот ќе заврши.
Од тука, не ми е јасно зошто Николоски (во улога на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ) како медиумска ѕвезда зборува дека ќе се собирале потписи за поништување на Законот за попис?
Можни се два одговори:
1.дека Николоски како Велики везир (потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ) не ја познава законската и уставна можност за поништување на закони, а во кој случај жалам за незнаењето и за тоа што правната комисија не го поучила (доколку има правна комисија во ВМРО?)
2.дека Николоски од полотичката.позиција на која се наоѓа намерно се обидува да манипулира со Македонската јавност, особено со патриотското и посветено членство на ВМРО-ДПМНЕ кои немора да ги знаат законските и уставни одредби. Обидувајќи се да ги доведе во заблуда дека ете водиме некаква борба, но не ни успева од незнам која причина, а притоа раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема никаква вина и затоа нема став по оваа прашање.
Крајно манипулативно и некоректно кон сопственото членство и граѓаните, а на штета на интегритетот на ВМРО-ДПМНЕ.
Второ, е прашањето за повторно внесување забуна кај граѓаните во врска со “ставот” на меѓународните претставници кон пописот.
Мицкоски тврди (во самиот наслов така стоо-што би рекол лингвистот Заев, види прилог бр.1) дека има поддршка од меѓународната заедница да го поништи пописот и спроведе нов попис.
Интересно, а пред само два дена Амбасадорот на САД, Н.Е. госпоѓата Брнс јавно, коректно кон државата Македонија, политички издржано и јасно кажа дека пописот треба да се спроведе.
Сега, логично, се поставува прашањето: “од каде Мицкоски добил поддршка да го поништи пописот”? Веројатно на ова прашање нема да добијам одговор од Султанот или Великиот везир. Поради коректност кон дипломатскиот кор во Македонија и нашите пријатели и партнери во НАТО и ЕУ нема да ги коментирам и опишувам можните последици од оваа изјава. Можеби ќе биде демантирана како и некои претходни изјави за кој немаше извинување, а потоа повторно некој неважен ќе биде виновен. Нејсе, за тоа, потоа…
Драги мој сограѓани, пријатели. Мојот став во врска со пописот е дециден и следен:
ЗАДИЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПОПИШЕМЕ И ТОА МАСОВНО И БЕЗ ИСКЛУЧОК.
Пописот треба да утврди многу насушни податоци, а ние кои сме и какви сме по народност, пол, религија и возраст, такви сме и колку сме, толку сме. Потоа ќе расправаме за погрешната намерно криминална методологија и во некое друго време ќе ја исправаме методологијата и ќе градиме доверба.
Запомнете дека податоците од пописот ќе влезат во базите и архивите и по 100 години некој ќе ги толкува како егзатни бројки и нема да се прашува за мотивите за непопишување или можеби научно ќе ја проучува погрешната методологија, но тоа нема да влијае врз архивираните бројки.
На крајот,
Прашање до Султанот и Великиот везир Изногуд:
Уште колку време ви остана да го исполните барањето на вашите “газди” и да ја заковете последната шајка во ковчегот на ВМРО-ДПМНЕ и заедно со вашите компањони СДС, во заговорот против Македонија, го запечатите погребниот ковчег на Македонскиот народ?
Драги сонародници и сограѓани, нека во вашата свест ви биде присутно следното:

  1. Сеењето магла на ситниот манипулант Великиот везир.
    Што вели “Изногуд” а што навистина пишува во Уставот и законите на Македонија?
  2. Однесувањето на Султанот, како пронаоѓач на новите политички аксиоми “Бојкот” и “Без став”.

Драги мој сограѓани, сопартијци.

Тоа не е политика, тоа е сеење магла, а кој сее магла ништо не жнее. Тоа е јавна политичка манипулација, а манипулацијата раѓа недоверба, а недовербата апатија која води кон изборен пораз. Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ го остава непрокопсаникот Заев на власт, а тоа значи пропаст на Македонија на секое поле.
Е па сега, кој е виновен и кој е спотер… да не ни е подоцна виновен само Мефистофел, а некој друг виновен ли е или само сработел за …?

На денот на Св.Гаврил Лесновски

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

Прилог бр.1
(за да нема манипулации и забуни)

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести