2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ПАРАГВАЈСКИ НАРКОБОС ЖИВЕЕЛ КАКО КРАЛ ВО ЗАТВОР – ПОЛИЦИЈАТА ШОКИРАНА ОД СЛИКИТЕ КОИ ГО ОБИКОЛИЈА СВЕТОТ (ФОТО)

Ни Пабло Ескобар не му е рамен

Полицијата во Парагвај изврши претрес во затворската ќелија на наркобос, при што открила дека тој живее луксузен живот.

Во ќелијата со три соби, имало конференциска сала со голем телевизор, библиотека и кујна. Внатрешноста на ќелијата која беше окупирана од Бразилецот Хименес Павао, сега е уништена, пишува ББЦ.

Полицијата дознала дека Павао планирал да избега, користејќи експлозив за да отвори дупка во ѕидот на затворот. Павао беше пред завршување на казната за перење пари, по што се очекуваше на крајот на следната година да биде екстрадиран во Бразил.
Тој сега е префрлен во посебна единица, далеку од неговата луксузна ќелија. Во меѓувреме, во тек е истрагата за тоа кои се сужбениците кои му дозволиле на Павао да живее таков луксузен живот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести