12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

МИСТЕРИЈА БЕЗ КРАЈ: Од 1948 до денес дури 83 авиони се исчезнати

Летот 370 „Малезија ерлајнс“ кој исчезна во март 2014 не е првиот што мистериозно исчезна. Истражителите од 26 земји кои се обидуваа да ја решат најголемата мистерија во историјата на авијацијата, не исклучија киднапирање, самоубиство на пилоти, масовно убиство или саботажа.

Иако не ниту шокантно, ниту чудно, сепак овој е само дел од големот број авиони кои се исчезнати од лицето на Земјата од 1948 година досега.

Од 1948 година, 83 авиони се исчезнати без трага, а некои од нив никогаш не се пронајдени.

Од сите мистериозни исчезнувања, пет авиони се исчезнати во познатиот Бермудски триаголник. Моделот на авион „DC-3“ исчезна најмногу пати досега, поточно, „DC-3“ исчезна 19 од вкупно 83 пати од 1948 година досега.

Просечниот број на луѓе кои се исчезнаати за време на летовите е 13. А просечниот број на исчезнати авиони во текот на една година е 1,2.

На пример, американскиот воен авион Боинг C-97C-35-BO Stratofreighter исчезна околу 200 милји југоисточно од Токио. Десет членови на екипажот и 57 патници исчезнаа и никогаш не беа пронајдени. Оваа несреќа се случи на 22 март 1957 година.

Новата мапа на „Блумберг“ ги прикажува исчезнувањата и ппадовите на големи авиони од 1948 година наваму. Ни остава многу повеќе прашања отколку одговори – дали овие исчезнати авиони се длабоки километри на дното на океанот или се заглавени на „маѓепсани“ острови, можеби никогаш нема да знаеме.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести