Јелена Карлеуша со години наназад е топ тема во српските и во балканските медиуми. Доживувањата на Ј.К ги следи целиот регион, и тоа мошне ревносно.

Овој пат, Карлеуша успеа да ги интригира и светските медиуми, и сигурно дека на контраверзната пејачка, сопруга на фудбалерот Душко Тошиќ тоа ѝ годи. таа отсекогаш сакала внимание. Причината е многу интересна.

Тие ја претставија како српска Мадона и Лејди Гага, а сè започна кога американските медиуми дојдоа до заклучок дека најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, ја копира Јелена Карлеуша.

Имено, вниманието на американската јавност го привлекоа фотографиите на кои Ј.К. позира во комбинации на облека што подоцна на свој начин ги носеше Ким Кардашијан.

Имаше толку многу материјал што секоја помисла дека е само случајност би била луда, напиша српскиот портал Нова.рс.

Американскиот магазин „Неделник“ прв ја објави информацијата дека Ким Кардашијан наводно го украла стајлингот на Јелена Карлеуша, па тоа го сторија и други странски медиуми.

На оваа тема пишуваше и познатото списание „Космополитен“, кој на својот портал објави вест под наслов: „Оваа жена многу личи на Ким Кардашијан, нема да им верувате на своите очи – и тврди дека Ким ја копирала“.

Набргу потоа, магазинот „Elle“ го стори истото, и објави напис во своето онлајн издание, со наслов: „Оваа поп-ѕвезда тврди дека Ким Кардашијан ѝ го украла стилот“.

Тогаш британскиот „Дејли меил“ и посвети на Карлеуша напис со наслов: „Дали е таа крадец?“ Ким Кардашијан е обвинета за кражба на стилот на српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша “.

Потоа следеше порталот „Celebuzz“: „Судете сами: Дали Ким Кардашијан го копираше стилот на оваа српска поп-ѕвезда? Тогаш се појави на виделина дека и големата Бијонсе „украде“ идеи од српската дива.

Овој „случај“ стигна и до славната водителка Венди Вилијамс, која во својата емисија ѝ оддаде почит на Јелена, која ја нарече српска Мадона и Лејди Гага, и ги прекори тимовите на светските ѕвезди.

Помпата што се крена околу Карлеуша во тој момент ѝ донесе на пејачката титула светски позната модна икона.

Како што обично се случува во животот, една работа доведе до друга, па новинарите на најгледаната германска телевизија РТЛ се заинтересираа за нашата пејачка и направија интервју со неа.

Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, имаше одлични моменти во кариерата додека играше во Турција. И турските медиуми често објавуваа текстови за неговата сопруга, која често ја ставаа во весниците и ја нарекуваа „снаа“.

Прозорецот кон светот на Јелена ѝ го даде социјалната мрежа Инстаграм, но и нејзиното долгогодишно искуство и знаење како да привлече внимание кон себе.

Пејачката не сака да биде позната во светот само по своите аутфити, а неодамна во едно интервју истакна дека подготвува песни кои ќе бидат и за странскиот пазар.

Говорејќи за социјалните мрежи, не можеме да го изоставиме ниту фактот дека американската раперка Лил Ким со ентузијазам сподели фотографија од Јелена Карлеуша во нејзината креација на својот Инстаграм профил.

Фотографии: Инстаграм профили на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, Бијонсе, Лејди Гага, Мадона и Ким Кардашијан
