10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ДРАМА: Се фарабале во фризерница која не требало да работи поради корона мерките, ПА СО ФАРБА НА КОСА БЕГААТ ОД ПОЛИЦИЈА (ВИДЕО)

Во неколку смешни снимки, се гледа како клиентите бегаат со трчање од една нелегална фризерница, откако биле забележани од полицијата во Велика Британија.

Властите соопштија дека сопственичката на фризерскиот салон „ Euphoria Tanning“ во Велс и некои нејзини клиентки биле казнети за нудење услуги, иако требало да бидат затворени поради КОВИД-19.

На снимките од безбедносните камери, објавени од полицијата  се гледаат жени како трчаат по ходникот, а една од нив и со фарба на косата.

Полицијата соопшти дека биле принудени да ја скршат влезната врата бидејќи не било одговорено на барањата за отворање на иатата.

Најмалку осум лица беа фатени на камера како во паника излегуваат од салонот за убавина преку излезот за итни случаи.
Сопственичката на бизнисот, наводно, била казнета со 1.000 фунти за одбивање да го затвори салонот.

Ова беше отворено кршење на правилата за Ковид-19. Таквите бизниси ги загрозуваат животите на нивните клиенти, вработените и заедницата. Како што покажува и инцидентот, подготвени сме да дејствуваме за да ги заштитиме граѓаните. Ние разбираме дека ова е тешко време за сите и им благодариме на повеќето граѓани и бизниси за почитувањето на правилата, рече шефот на локалната полиција Алед Џорџ.

https://metro.co.uk/video/embed/2342996

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести