7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ГЛЕДАЊЕТО ТЕЛЕВИЗИЈА ГО СКРАТУВА ЖИВОТОТ – Еве како

Истражувањата покажуваат дека гледањето телевизија го скратува животот.

Еден час поминат во гледање филмови или телевизиска програма го скратува животниот век за споменатите 22 минути, а научниците наведуваат дека шест часа на ден поминати пред ТВ го скратуваат животот за дури 5 години.

Според новата студија, начинот на живот кој вклучува седење на кауч пред телевизорот е штетен за здравјето како пушењето и дебелината. Недостаток на физичка активност, често придружено со лоша исхрана, закуски и слатки, дефинитивно не е добро за здравјето.

Во истражувањето учествувале околу 11.000 лица постари од 25 години и покажале дека поради споменатата физичка неактивност, таа предизвикува дебелина, седењето пред телевизор носи ризик од срцеви заболувања, кои се поврзани со лошата исхрана, што е честа кај луѓето кои поминуваат многу време пред екранот.

На почетокот на оваа година, друга студија го поврза гледањето телевизија со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и ризик од рана смрт. Според овие податоци, недоволното движење и седењето пред телевизор два часа на ден ги зголемува овие ризици за 20 проценти.

Студијата исто така вели дека 15 минути вежбање на ден може да го продолжи очекуваниот животен век за три години, а на секои 15 минути повеќе го намалува ризикот од рана смрт за 14 проценти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести