3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Берни Сандерс за помалку од една недела премина од шега во кукла плетена која чини 20.000 американски долари

Берни Сандерс за помалку од една недела премина од шега, во кукла плетена со игли која чини 20.000 американски долари.

По денот на инаугурацијата, фотографијата на Сандерс на која тој седеше на столче, на растојание од другите, стуткан од студот и облечен и носеше плетени ракавици стана хит, па Тоби Кинг од Тексас започна да плете кукли со игла. 

Лудо е, знам дека Берни стана тренд поради таа слика, а јас веќе имав модел и кукла Берни. Едноставно јас тоа го направив многу брзо, рече Кинк.

За да се создаде точниот изглед на Сандерс во очите на луѓето, на Кинг му беа потребни седум часа нон-стоп да работи  со иглите.
46-годишната објави слика од куклата на нејзиниот профил на Инстаграм, каде доби илјадници лајкови и коментари. Во неделата, таа ја објави куклата на „e-Bay“, и ѝ постави цена од 20.300 долари, при што рече дека парите ќе ги донира за „Meals on Wheels America“.

Кинг рече дека повеќе од 30 000 луѓе ја купиле куклата Сандерс од нејзината продавница „Етси“. Таа рече дека се надева дека Сандерс ќе го одобри нејзиниот напор.

Навистина се надевам дека тој смета дека ова е добра работа и дека правам нешто добро, рече Кинг.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести