13.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Појадокот е најважен оброк, но најбитно е што се јаде

Не за џабе се вели – Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателот, а вечерата дај му ја на непријателот. Имајте го ова на ум ако сакате да „симнете“ некој килограм или едноставно да останете здрави. Не го прескокнувате појадокот – истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе лесно можат да изгубат и до 13 килограми ако ја одберат вистинската храна за појадок.

Експертите советуваат дека вашиот појадок треба да биде богат со протеини (сирење, јајца, јогурт, јаткасти плодови) и влакна (овесни снегулки, леб од цели зрна, житарки). Ваквиот појадок ќе ви даде енергија, а ќе ви го забрза метаболизмот. Се препорачува за појадок да внесете максимум 250 до 300 калории, а најдобриот трик за слабеење е прво да појадувате, а потоа да вежбате. На овој начин ќе ги сочувате во телото само важните материи од појадокот, а ќе ги согорите јаглехидратите.

Одличен избор се и јајцата (најдобро е да бидат варени) и овесната каша. Нема да згрешите ако додадете банана во кашата, која е вистинска енергетска бомба, и малку јаткасти плодови.

Но не забоавајте дека резултатите нема да бидат видливи доколку не вежбате и ако во текот на денот не внимавате на количината на храна и производите што ги јадете.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести