9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ОВА ДЕТЕ Е ВИСТИНСКИ ГЕНИЈ: Се потпишал „Reconnecting“ на онлајн настава па се спасил од одговарање цел месец

Во учебната 2020-2021 година учениците се соочија со нов онлајн начин на учење.

Така, во текот на оваа година тие беа повеќе толерирани кога стануваше збор за избегнување на домашни задачи и часовите, пишува „The Mirror“.
Паметно момче смисли одличен начин да избегне какви било прашања за време на онлајн наставата, а на наставникот му требале цели недели за да го забележи.

За ова на Твитер напиша телевизискиот водител Крис Арнолд.
 

Мојата сопруга е наставничка и како што изгледа едно дете го сменило името во „Reconnecting“ за време на онлајн часовите преку „Zoom“ за да не му се поставуваат прашања, напиша тој.

“Ова го прави со недели. Момчето не треба да се грижи за своето образование, тој е веќе генијалец”.

Статусот на презентерот стана вирален и доби илјадници споделувања, лајкови и коментари.

Друг човек напиша: „Не сум сигурен дали да се радувам дека  иднината ќе биде светла со ова дете или да бидам загрижен дека може да избере да гради политичка кариера“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести