19.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Еве зошто доцнат пакетите од АлиЕкспрес

Критичен недостиг на контејнери за испорака ги катапултираше цените на карго транспортот и предизвика доцнење во испораката на стоките купени во Кина. Или со други зборови, вашите нарачки од Кина доцнат поради недостаток на контејнери.

Пандемијата и нерамномерниот глобален економски раст доведоа до овој проблем најпрво во Азија, но и другите делови на светот беа погодени.

Во декември, цените за испорака на карго транспорт скокнаа за 264 проценти за рута од Азија до Северна Европа во споредба со минатата година, според Мирко Војчик, менаџер во „Resilians36“ компанија за проценка и решавање на ризик во ланецот на снабдувње, пренесува CNBC.

Цената на испораката на товар од Азија до западниот брег на САД се зголеми за 145 проценти во споредба со минатата година.

Во споредба со март минатата година, цените на транспортот со контејнери од Кина кон САД и Европа се зголемија за 300 проценти, изјави Марк Јегер, извршен директор на Redwood Logistics. Тој наведува дека цените на самото место одат до приближно 6.000 долари за контејнер во однос на вообичаената тарифа од 1.200 долари.

Според него, цените од САД исто така се зголемија, иако не толку драматично.

„Причината е што Кинезите инсистираат на враќање на празни контејнери во нивната земја, па затоа им е тешко на американските извозници да обезбедат контејнер“, додаде тој, истакнувајќи дека три од четири контејнери се „вратени празни“ од САД во Азија .

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести