3 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: ИЗМАМНИЦИ СКОКААТ ПРЕД КОЛИ ВО СКОПЈЕ И СТРУМИЦА

Полицијата има информација дека во Скопје има т.н. сообраќајни измамници, но засега не успеале на дело да ги фатат сторителите. Неофицијално, досега се регистрирани тројца мажи на возраст од 35 до 55 години во Скопје и во Струмица како „оперираат“ на терен, но засега законот не им може ништо. Не се знае ни колку пари од жртвите имаат земено досега, пишува „Слободен печат“.

Двајца скопјани „оперираат“ на пешачкиот премин кај Црвениот крст односно кај објектот на МАНУ, додека пак, струмичанец на пешачкиот премин спроти Т.Ц. „Глобал“. Според соговорник-таксист од Скопје, жртва на оваа измама, тој останал покус за 3.000 денари за да се спаси од проблеми со законот.

Струмичкиот „кинески“ измамник досега имал неколку успешни измами, а две му биле неуспешни. Последната се случила деновиве, кога намерно се фрлил пред автомобил и барал пари од возачот за наводна повреда на неговите гради. Откако возачот одбил да му ја даде сумата која ја бара, наводно повредениот пешак повикал полиција и пред нив почнал да глуми дека е многу повреден и барал итен преглед во болница. Сепак, при прегледот не се констатирани повреди, по што полицијата му дозволила на пешакот да си замине дома без никакви законски последици.

За разлика од него, скопските т.н. „кинески“ измамници работат во тандем и тоа на пешачки премини. Стојат еден спроти друг. Кога ќе „пикираат“ возило, двајцата се упатуваат кон него. Ако возачот се обиде да ги заобиколи на пешачкиот премин, еден од нив се враќа наназад ставајќи се во ризик. Штом возилото набрзина запре или зачкрипат гумите, еден од нив паѓа со рацете на хаубата и одглумува дека е повреден.

Соговорникот на „Слободен печат“ вели дека едвај ги убедил да земат 3.000 денари што ги имал при рака за да избегне проблеми со полицијата.

– Ги земаа парите и божем со поткривнување си заминаа. Не минаа ни 200 метри, се движеа без проблем. Тогаш сфатив дека сум измамен – вели таксистот, жртва на скопските „кинески“ измамници.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести