1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Поради овие три причини НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗАШТЕДИТЕ ПАРИ

  • Подобро е да се одреди процентот отколку износот
  • Водете се според процентите и одете полека кон целта
  • Не ја трошете заштедата на работи за кои не е наменета

Заштедата е секогаш посебен предизвик затоа што многу луѓе мислат дека им треба премногу „вишок“ пари за да заштедат, но тоа не е поентата. Подобро е да се одреди процентот отколку износот.

Јасно е дека оние кои имаат приходи од 25.000 и 60.000 денари нема да можат да заштедат исто но затоа и двајцата можат да издвојат по 5% или 10% од својата плата. Кога станува збор за целта, тоа е првата ставка. Мора да имате фокус, ако го немате, тогаш не е ни чудо што не можете да одвоите пари.

1. Важно е да имате причина. Тоа може да биде патување, стан, нов бизнис, скапи чевли … Сепак, без јасен фокус, нема да имате мотивација.

2. Треба да бидете свесни за вашиот приход. Не можете да очекувате да оставите 100 евра месечно настрана, ако тоа е третина или четвртина од вашата плата. Значи, водете се според процентите и одете полека кон целта. Ако вашата плата расте, вашите заштеди ќе бидат поголеми.

3. Не се откажувајте од целта, иако стигнавте до половина, па ви се чини дека можевте да си дозволите нешто друго со тие пари. На пример, ако штедите за автомобил и ви требаат неколку илјади евра, не трошете ги тие пари на половина пат за „мали задоволства“.

Луѓето штедат се помалку од година во година, а ситуацијата е малку подобрена за време на пандемијата, како резултат на растечката финансиска несигурност.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести