Еден од напознатите текстописци Марина Туцаковиќ долго не се појавува во јавноста поради здравствени проблеми, а сега моментално се одмара со семејството на Златибор.
Имено, нејзиниот син Милан Лаша Радуловиќ објавил нејзина фотографија на својот Инстаграм.
– Госпоѓа МТ – напишал Милан на сликата на својата мајка.

Лача инаку се преселил од Белград, прво во Скопје, а потоа во Нови Сад, а неодамна ја открил и причината.
– После борбата на мајками со тешката болест, кој беше тежок период за мене, заминав за Македонија. Таму случајно се запознав со Дарко Димитров, а со него работев песна за Анастасија Ражнатовиќ. Ми беше потребно малку да ја одморам главата, бидејќи предходните предходната година беше буквало спасување на мајками од тешака болест. Тогаш се почна. Во Скопје најдов мир. Сега сум во Нови Сад. Бидејќи сум луд, полухистеричен, тие рамно градови ме смируваат. Белград повеќе не го чуствувам како свој град. Во мојот дом неможам да творам, таму е мојата болна мајка, таму ми почина братот – ја отворил душата Милан во емисијата “Нешто другачие“.
