14.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

СТРАШНО: ДУХ НА ПРИНЦЕЗА ГИ ПРОГОНУВА ГОСТИТЕ

  • Изграден е 1902 година
  • Принцезата Керолајн била опседната со изгледoт, не сакала никој да изгледа подобро од неа
  • Сега гостите тврдат дека виделе дух на жена во елегантна викторијанска облека кој седи на работ на креветот.
  • Фотограф верува дека духот го фотографирал на прозорецот

Хотелот „Маунт Вашингтон“ во Hу Хемпшир има долга историја на „појава на духови“ и изгледа неодоливо потсетува на објектот во кој е снимен филмот „Сјаење“ во 1980 година, иако на Стивен Кинг за инспирација му послужил хотел во Колорадо во кој работел како млад, но сличноста е голема, а „ловци на духови“ често доаѓаат во „Манут Вашингтон“

Приказната за хотелот започнала уште во 1900 година, кога индустријалецот Џозеф Стикни, кој решил да инвестира во грандиозен хотел со парите што ги заработил во рудниците за јаглен и од изградбата на пругата во Пенсилванија. Хотелот бил завршен во 1902 година и важел за еден од најлуксузните во тоа време, секако пред се и поради тоа што нуди прекрасен поглед на планинскиот предел.

Стикни се оженил со убавата Каролајн Фостер, ќерка на успешен трговец со месо од Бостон, но починал од срцев удар следната година, во 1903 година. Каролајн повторно се омажила за еден принц од француската кралска линија и ја стекнала титулата „Принцеза Фосини Лусинж“. Таа продолжила да го води хотелот сè до нејзината смрт во 1936 година.

Таа била омилена меѓу гостите и вработените, иако имала каприци. Не можела да издржи ако некоја дама е поелегантно облечена од неа. Затоа ја менувала гардеробата неколку пати во текот на денот.

Кога не била во Франција, таа имала својо апартман во „Маунт Вашингтон“ – 314. Се уште го има истиот резбан, дабов кревет, кој секогаш го носела со себе кога одела на Јужна Франција и го враќала назад, но повеќе гости кои спиеле во него  тврдат дека виделе дух на жена во елегантна викторијанска облека кој седи на работ на креветот,  ја чешла косата и става шноли.

Во апартманот  314, светлата се палат и исклучувале сами, детските играчки мистериозно исчезнувале и се појавувале повторно.

Менаџментот на хотелот не го крие постоењето на духот, па дури и на својата веб-страница ја става легендата за принцезата Керолајн.

– Ви благодариме што ги споделивте искуствата за време на престојот во хотелот. Ние сме многу задоволни што успеавме да ги исполниме вашите очекувања – им враќаат на гостите откако ќе споделат дека виделе дух.

Искусниот репортер и писател Дино Вурнас, кој престојувал во апартманот 314 се будел во текот на ноќта затоа што просторијата се палело нежно, скоро етерично светло.

Следниот ден, кога тој им кажал на вработените, тие му ја кажале легендата за принцезата, но тој не верувал. Следната вечер, пред да се раздени, го разбудил звук на потпетици на дрвениот под. Тој не можел да најде никакво рационално објаснување.

Интересно е што архитектот, Чарлс Елинг Гифорд, при дизајнирањето на хотелот, вградил – „одбрана од духови!“ Во секоја од четирите кули, бројот на скали е различен, бидејќи постоело верување дека ги бунело духовите и ги спречувало да талкаат наоколу.

На барање на управата, Дино направил групна фотографија од персоналот пред хотелот, а кога го проучил видеото, на еден прозорец забележал маглива фигура на жена облечена во долг фустан од викторијанската ера.

Тој заклучил потоа дека, сепак, тоа е нејзиниот хотел и дека можеби нејзиното присуство не треба да се негира! Вистина или не, маркетингот успеал.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести