4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Нов пораз на Мицкоски! Пендаровски го потпиша Законот за попис и ги урна неговите очекувања

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Законот за попис.
Во официјалното соопштение од неговиот кабинет се вели „Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата“.

Пред само три дена, вториот човек во ВМРО-ДПМНЕ, потпретседатело Александар Николовски го убедуваше членството дека партијата очекува Претседателот Пендаровски да не го потпишува указот за стапување на сила на Законот за попис.
„Очекуваме претседателот Стево Пендаровски, да не го потпише Указот, а доколку тоа го стори, веднаш штом ќе биде излезен законот во Службен весник, ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе иницијата за собирање на потписи за поништување на Законот за попис“, изјави Николоски во вестите на Сител.

Дали Мицкоски е толку слаб политичар и не може да ги предиди случувањата дури и за период од една недела или намерно се манипулира членството со лажна надеж, веројатно знае само тој и најблиските соработници, но факт е дека прозивките упатени кон Пендаровски деновиве доживеаја неуспех.
Новата надеж која што сега им се пласира на членовите на ВМРО-ДПМНЕ е собирање потписи и ново ветување дека ќе се формирало ново мнозинство во Собранието кое ќе го поништело законот.
Додека тоа го ветува Мицкоски, во меѓувреме ја загуби поддршката и на Алијанса на албанците и Алтернатива, кои застанаа зад Заев за пописот.
Овој чекор веќе беше поздравен од страна на американската амбасада како конструктивен и како добра одлука на лидерите на албанската опозиција со што индиректно им беше упатена порака како Вашингтон гледа на политиките на Мицкоски.
Бледите и неодлучни реакции на Мицкоски во врска со пописот веќе наидоа на критики по социјалните мрежи, а дел од претпоставките одат во насока на тоа дека постигнал договор со Заев, според кој не би требало да го блокира пописот, а за возврат би добил можност да го распродава партискиот имот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести