12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Еве колкава казна го чека Аца Лукас поради возење во алкохолизирана состојба

Еден од најпопуларните балкански пејачи, фолкерот Аца Лукас бил уапсен поради возење под алкохолизирана состојба, објавија денеска српските медиуми.

Како што објавија медиумите тој бил запрен од полицијата и му бил направен алко-тест, кој покажал дека има нелегална концентрација на алкохол во крвта, но по се изгледа не било премногу.

Казната која ја добил изјавил дека веднаш ќе ја плати и изразил жалење за целиот настан. Објаснил дека излегол само да ги превезе своите пријатели кои му биле на гости. А потврдата за сето тоа за српските медиуми доаѓа лично од Аца Лукас.

Тој без да се двоуми потврди се и објасни зошто завршил во полициската станица:

– Сега одам кај судија. Точно е дека пивнав малку, но полицијата си ја работи својата работа и секоја чест. Не по баба, ниту по чичковци. Ги поддржувам во казнувањето на луѓето, згрешив и нема да се повтори – рече Аца за медиумите.

Како што се дознава Лукас имал 0,8 промили алкохол во крвта и поради тоа ќе плати казна во износ од 70 000 динари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести