8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Мицкоски со копирање на Апасиев се надева дека ќе го стигне во рејтингот

Откако лидерот на малата „Левица“ му избега со рејтинг на првиот човек на најголемата опозициска партија, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ почна да копира дел од постапките на Димитар Апасиев. Многу посилната ВМРО-ДПМНЕ е водена од човек кој има рејтинг 28,3% за разлика од Апасиев според последните мерења на јавното мислење ја има поддршката на 29,7% од граѓаните.
Откако вчера проструи информација за наводен договор меѓу историските комисии на Македонија и Бугарија околу придавката македонски , најпрвин се произнесе лидерот на Левица прозивајќи ја власта во врска со ветувањата за бетонирање на идентитетот.

Два часа подоцна, откако виде која тема ја одбрал за коментирање на социјалните мрежи лидерот на Левица, Христијан Мицкоски употребувајќи го истиот вординг напиша „Нели идентитетот беше “бетон” и “не се преговара за идентитетските прашања” со источниот сосед ? За ова ли се менуваше член на историската комисија? Нели придавката “македонски” била испишана со златни букви, како сега токму тоа исчезна од записниците на комисиите? Владата на јавноста ѝ должи одговори. Колку подолго Заев е премиер, толку повеќе Македонија ќе губи. Иднината ќе биде наша и ние заедно со народот за нејзе ќе се избориме!

Веднаш потоа дури и медиумите кои се блиски до Мицкоски отворија сомнеж во тоа што го напиша првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил, обидувајчи се да му се приклучи на Апасиев.
„Придавката македонски била и ќе биде во записниците од работата на Мешовитата комисија со Бугарија, уверува шефот на македонскиот тим историчари, професорот Драги Ѓоргиев. Тој во изјава за Канал 5 појаснува дека напредокот што е направен на вчерашната средба на никаков начин не ја засега употребата на придавката македонски за именувањето на народот, јазикот и историјата, како што објавија некои медиуми. Напредокот што е постигнат, вели Ѓоргиев, се однесува на техничко ниво, односно за да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.“ пренесе Нетпрес.

Медиа веќе пишуваше дека ВМРО-ДПМНЕ се соочува со сериозни проблеми заради нискиот рејтин на претседателот Мицкоски и слабата поддршка која што тој ја има меѓу членовите и граѓаните.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести