6 C
Skopje
вторник, април 20, 2021
spot_img

БАЛКАНОТ НЕ ГО ЗАБОРАВА ТОШЕ: Утре во Хрватска ќе се одржи миса по повод роденденот на Тоше Проески

Засекогаш со нас во срцето, 25 јануари, 40 роденден на Тоше Проески. Вака хрватската дискографска куќа „Хит рекордс“ ја најавува молитвата по повод раѓањето на најголемиот македонски пејач.

Оттаму информираат дека утре (недела) со почеток од 10 часот, ден пред неговиот 40-ти роденден, со молитва ќе се потсетат на единствениот и непрежален Проески. Настанот ќе се случи во капелата Роков перивој во Загреб, веднаш по светата миса.

Од дискографската куќа се сеќаваат на неговите зборови – „Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, и велат дека овие зборови живеат во сите кои го познавале, но и оние кои никогаш не го запознале младиот музичар. Хрватскиот народ не го заборава нашиот музичар кој таму беше чест гостин.

Дека љубовта е она кое треба да ги движи луѓето, секогаш нагласуваше дека е најважно, велат од „Хит рекордс“.

Точка.мк

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести