Дали ќе има дополнителна финансиска поддршка или ќе се крати во опозициските медиуми никој не знае, но за општата јавност Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ХРистијан Мицкоски и неговиот потпретседател Александар Николовски се вратија без ниту една конкретна информација од традиционалната прошетка во земјите каде што редовно се примени Унгарија, Словенија и Хрватска.
Тоа што е забележиво за секој член на партијата и за оние кои малку се разбираат политика е фактот дека потпретседателот Николовски го истиснува Мицкоски од медиумите.
Додека Мицкоски се обидуваше на слабо гледаната ТВ Алфа да објасни каде бил три дена и дали имало нешто конкретно од неговите разговори, неговиот потпретседател гостуваше на најгледаниот ТВ Дневник на Сител.
За разлика од вестите за Мицкоски кои беа истиснати на опозициските портали, вестите за Николовски доминираа долго во ноќта по неговото гостување.


Дури и од партијата проценија дека гостувањето на Николовски е посуштинско и затоа после гостувањето на Мицкоски испратија четири соопштенија, а после гостувањето на Николовски пет соопштенија до медиумите.
Вториот потпретседател, никаде не беше споменат.
