6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СТРАШНО: ТИК-ТОК ПРЕДИЗВИК ЗАВРШИ ТРАГИЧНО ЗА 10-годишно ДЕВОЈЧЕ ОД ПАЛЕРМО

Десетгодишно девојче од Палермо, Италија, починало откако го прифатило предизвикот на социјалната мрежа Тик-Ток да се онесвести со стегнување шал или ремен околу вратот.

По трагедијата, италијанските власти им наложија на администраторите на „ТикТок“, да го блокираат пристапот на корисници, чија возраст не можат да ја потврдат.

Јавното обвинителство од Палермо отвори истрага во врска со овој случај за „поттикнување самоубиство“. Според условите за користење на „ТикТок“, корисниците мора да имаат најмалку 13 години. На кинеската апликација ѝ е забрането да обработува податоци на лица под оваа возраст.

Во изјавата италијанскиот регулатор вели дека иако Тик-Ток се оврзал да забрани регистрација за децапомали од 13 години, сепак, лесно се заобиколува тоа правило.

Како резултат на тоа, Тик-Ток мора до 15 февруари да ги блокира непроверените корисници.

Портпаролката на Тик-Ток во Италија во одговор пратен по електронска пошта вели дека приватноста и сигурноста се апсолутен приоритет за нив, и дека постојано работат на заштита на своите политики, процеси и технологија за а ја заштитат заедницата и посебно младите корисници.

Девојчето почина од гушење на Сицилија

Тик-Ток многу брзо стана популарен ширум светот, особено меѓу младите тинејџери. Пресудата стигна откако во Палермо на Сицилија почина девојче од гушење, слушај што ја шокира Италија.

Незјините родители велат дека учествувала во таканаречен предизвик со гушење на Тик-Ток, ставајќи ремен околу вратот и задржувајќи го здивот додека се снимала на мобилен.

„Тик-ток бепе нејзиниот свет. И Јутуб. Така го поминуваше времето“, рече нејзиниот татко Ангело Сикомеро за Кориере дела сера.

Отворена истрага за можно поттикнување самоубиство

Обвинителите отворија истрага за можно поттикнување самоубиство и истражуваат дали некои го повикал девојчето да учествува во предизвикот.

„Регулаторот одлучи итно да интервенира во страшниот случај со 10-годишното девојче од Палермо“, соопштија властите.

Корисниците на непроверени профили веќе нема да можат да пренесувата видозаписи ниту да комуницираат со други на платформата.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести