20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Во четврток вечер, 28 јануари, ќе се појави „Волчјата Месечина“.

Во четвртокот навечер, 28 јануари 2021 година, ќе се појави „Волчјата Месечина“.

Ова име всушност не е само на Месечината таа вечер, туку и на целиот циклус кој поминува. Ова име се користи во многу земји во Америка и Европа. Се смета дека полната месечина во јануари стана позната како „Волчја месечина“ затоа што волците многу повеќе завиваа за тој период.

Традиционално, се веруваше дека волците завиваат од глад во текот на зимата, но денес се знае повеќе. Завивањата волците најчесто ги користат за дефинирање на територијата, наоѓање на членовите на стадото, зајакнување на меѓусебните врски и координирање на ловот.

Алтернативни имиња на месечината во јануари се „Централна месечина“, име што се однесува на идејата дека оваа месечина означува приближно средина на зимската сезона, а  други имиња се: „Студена месечина“, „Замрзната месечина“, „Тешка месечина“ итн.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести