Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

САРА МЕЈС СО ИСКРЕНА ИСПОВЕД ПРЕД КАМЕРИТЕ: “Имавме криза во бракот, беше да се биде или не..”

Сара Мејс си ја отвори душичката и за прв пат во јавноста проговори за кризата во бракот со водителот Димитар Атанасовски. 

– Не ни одеше. Да речам имавме една брачна криза, тоа беше лани. Неколку месеци морам да признаам беше тешко. Беше да се биде или не. Сега вака после една година не можам да бидам сигурна и да го детектирам проблемот, ама мислам дека и на двајцата ни беше голема промена моментот кога станавме родители. Улогата да бидеме родители ни дојде отповеќе, ни беше нејасно, бевме збунети…, рече во својата прва интимна исповед Сара и додаде дека и покрај се многу е благодарна за се што и се случило бидејќи и било голема животна лекција.

– Научив како да ми е поубаво на самата себе, како да му е поубаво на моето семејство, како повеќе да ги разбирам другите…, додаде Сара. 

А што уште откри во „Жешко столче“ гледајте во видеото во прилог: 

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава од повеќе граѓани сведоци дека во тек е голема полициска акција на патот накај Блаце кај ресторанот Капри. Според нашиот извор...

Забава

Од пред крајот на минатата година, гледачите уживаат во авантурите на ликовите од популарната хумористична сероја „Преспав“. Во новата, петта сезона се задржани истите...

Свет

„Секој ресторан што ќе аплицира ќе биде регистриран како ќелија на политичка партија. Ќе се одржуваат состаноци, а гостите ќе бидат членови на нашата...