20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

НЕМА ПРОСТОР НА ТЕЛОТО ЗА НОВА ТЕТОВАЖА ПА ЧЕКА ЌЕРКА И ДА ПОРАСНЕ ЗА ДА ЈА ТЕТОВИРА (фото)

Беки Холт (33) од Велика Британија речиси целото свое тело го има покриено со тетоважи, или поточно 95% вклучувајќи го и лицето, пазувите и интимните делови. Од 15-годишна возраст, кога ја направила својата прва тетоважа, потрошил околу 40 000 евра на тетовирање.

Сега, вели таа, дека жали  што нема уште простор за да се тетовира и особено влијае на неа што луѓето ја третираат како да е насилна.

„Луѓето бегаат од мене и се плашат, особено странците“, рече Беки

– Грубо го коментираат мојот изглед. Ова е моето тело и мој избор, и ако на луѓето не им се допаѓа, не ми е гајле.

До 22-годишна возраст Беки ги криела тетоважите, а потоа решила да биде похрабра и да носи гардероба што нема да ги крие цртежите на нејзиното тело.

– Тетовирањето може да биде многу болно. Работев и на интимни делови од телото, а болката може да биде ужасна, но најболно за мене беше тетовирањето на пазувите – изјави Беки.

Таа минатиот месец роди ќерка Аурора Форест Холт, а сега вели дека едвај чека да се опорави од бременоста и породувањето за да го истетовира и името на нејзината ќерка.

– Секогаш велев дека нема да ги тетовирам рацете, грлото или лицето, но станав толку зависна од тетовирање што не можев да запрам. Единствено што е сигурно е дека нема да направам дополнителни тетоважи на лицето, бидејќи не сакам да ја расипувам естетиката – коментира оваа Британка.

Вели дека ќе биде среќна ако  нејзината ќерка сака да се тетовира кога ќе порасне.

– Кога мојата Аурора ќе биде доволно возрасна, ќе ја однесам кај најдобриот уметник во Велика Британија за да и направи тетоважи. Треба да го стори некој што го познавам и верувам.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести