Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Претседателот Пендаровски го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар во Република Северна Македонија, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани.

На средбата беа разменети мислења за текот и динамиката во развојот на билатералните односи меѓу двете земји и беше реафирмиран интересот за натамошно унапредување на односите со Катар во сите сфери од заеднички интерес.

Во таа насока, беа разгледани можностите за искористување на економските потенцијали со кои располагаат двете земји, интензивирање на бизнис релациите и можноста за реализација на странски инвестиции во земјава.

Претседателот Пендаровски ја посочи потребата од унапредување на договорната рамка и заокружување на билатералните договори за соработка, како и неопходноста од натамошно олеснување на визниот режим.

Претседателот Пендаровски и вршителот на должност, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани разменија мислења и за предизвиците кои произлегуваат од справувањето со пандемијата на Ковид-19, како и за последиците од актуелната состојба на глобално ниво. Во таа насока, претседателот изрази благодарност за донацијата од Државата Катар во справувањето со Ковид-19 и изрази очекување за натамошна соработка во областа на здравството.

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Забава

Софија Ражнатовиќ (41), вонбрачна ќерка на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој некогашниот командант на СДК ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува...

Македонија

Добра вест во најава за македонските угостители после подолг период на рестрикции и скратено време. Имено најверојатно работното време за угостителите ќе биде продолжено...

Свет

„Секој ресторан што ќе аплицира ќе биде регистриран како ќелија на политичка партија. Ќе се одржуваат состаноци, а гостите ќе бидат членови на нашата...