Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски се сокри за пописот! Законот изгласан без ниту еден глас против

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите.

За Законот гласаа пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ и БЕСА, како и опозициската Алијанса на Албанците и Алтернатива, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата и не учествуваа во гласањето.

Додека траеше процесот на носење на законот за Попис, кој иако е актуелна тема за која токму ВМРО-ДПМНЕ секојдневно одржуваше прес-конференции и се закануваше со блокада, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски замина на посета во Унгарија и Словенија на средби со политичари од сестринските партии. Уште еднаш се потврдува дека зборот на Мицкоски нема никакво значење, а за тоа говори фактот дека во носење на законот за Попис учествуваа и Алијансата за Албанците и Алтернатива со кои токму Мицкоски најави заедничко опозициско делување и идна коалиција за локалните избори. Се чини дека коалицијата распука уште пред да се официјализира.

Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година, според состојбата на 31 март 2021 година, во 24:00 часот, што ќе се смета за критичен момент на пописот.

Медиа.мк го најави ваквиот развој на настаните

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Забава

Софија Ражнатовиќ (41), вонбрачна ќерка на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој некогашниот командант на СДК ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува...

Забава

Од пред крајот на минатата година, гледачите уживаат во авантурите на ликовите од популарната хумористична сероја „Преспав“. Во новата, петта сезона се задржани истите...

Свет

„Секој ресторан што ќе аплицира ќе биде регистриран како ќелија на политичка партија. Ќе се одржуваат состаноци, а гостите ќе бидат членови на нашата...